martialko@martialko.mk
БРЕНДОВИ

ЗА НАС

Марти Алко е основана во 1994 година.


Марти Алко е Фармацевтска Веледрогерија со искуство од повеќе од 30 години во лансирање и промоција на фармацевтски брендови на Македонскиот Пазар.


На нашите партнери им нудиме персонализиран пристап, целосна поддршка за застапување на нивните производи и извонредност во логистичките услуги (регистрација, увоз, маркетинг и промоција, продажба и дистрибуција)


Постојано вложуваме во подобрување на нашите бизнис процеси, континуирана едукација на нашите вработени, се со цел да ja задржиме довербата на нашите партнер.


ЕКСКЛУЗИВНА ДИСТРИБУЦИЈА

Благодарение на големото знаење и искуство, како и широката палета на дополнителни услуги, Марти Алко се здоби со статус на ексклузивен дистрибутер на македонскиот пазар за производи од различни фармацевтски компании.


На нашите партнери им нудиме услуги за анализа на пазарот, регистрација на производи, маркетинг и консултации за продажба, производство на комерцијални кампањи, дистрибуција на маркетинг материјали, посета на аптеки и лекари, извештаи за продажба, фармаковигиланца, месечно рекламирање во списание.


Благодарение на нашата работа, нашата посветеност кон брендовите и довербата на партнерите, ние сме долгорочен ексклузивен дистрибутер за брендовите што ги застапуваме.


МАГАЦИН

Во своето седиште Марти Алко располага со 600m2 магацински простор и 200m2 канцелариски простор со тренинг центар за медицинските претставници.


Магацинскиот простор целосно ги задоволува највисоките стандарди за добра дистрибутивна практика (GDP) се со цел да се обезбеди максимална безбедност и сигурност во постапките за ракување со производи и условите за складирање.


Се со цел да постигнеме извонредност во услугите што им ги нудиме на нашите клиенти и партнери, континуирано инвестираме во квалитетот на технологијата и процесите притоа почитувајќи ги највисоките индустриски стандарди и барања на добрите дистрибутивни практики (GDP) на дневна основа.


МАРТИ АЛКО денес

Марти Алко денес е модерна, брзо растечка и динамична компанија, која во изминатиот период воспоставува деловни односи со голем број на Европски Фармацевтски Компании обезбедувајќи им логистички услуги и највисок квалитет на дистрибуција на нивните производи. Во моментов Марти Алко на Македонскиот пазар дистрибуира повеќе од 100 различни фармацевтски производи (лекови, медицински помагала, додатоци во исхраната, козметика и други производи за здравствена заштита). Тимот на Марти Алко се состои од високо образовани и мотивирани стручни луѓе, кои постојано ги надградуваат своите вештини и знаења од својата област.

Продажба

АПТЕКИ

Медицинските Претставници на Марти Алко посетуваат повеќе од 1200 аптеки

ПРИВАТНИ И ДРЖАВНИ БОЛНИЦИ

Долгорочната соработка со болниците се заснова на јавни тендери

ДОКТОРИ

Медицинските Претставници ги посетуваат сите специјалности поврзани со производот кој што го работат