Марти Алко| Sinomarin, Medex, Chlorhexil

Sinomarin, Medex, Eva, Chlorhexil. Buccoseryl, MartiAlko, pharmaceutical wholesaler. pharmacy distribution. фармацевтска веледрогерија мартиалко

martialko@martialko.mk
БРЕНДОВИ
(Нема рецензии)

MEDEX OMEGA - 3 JUNIOR Сируп 140 мл

Medex | СИРУПИ НА БАЗА НА МЕД | 140 мл

  • Извор на DHA и EPA Oмега-3 незаситени масни киселини во оптимален сооднос од 5:1,
  • Содржи 74% мед,
  • За нормален развој на мозокот, видот, поддршка на здравјето на срцето, за подобар имунолошки систем и подобрување на клеточната функција,
  • За деца од 3 до 14 годишна возраст.


Количина:
Достапно
Нема залиха

755 ден

755 ден

Во моментот, производот го нема на залиха, можете да не контактирате за да направите нарачка.

Бесплатна достава

на сите нарачки над 3000 ден.

Брза достава до адреса

во рок од 3-5 работни дена

14 дена

враќање на средства

Сигурно плаќање

Плаќање со дебитни и кредитни картички
ЗА ПРОИЗВОДОТ
СОСТАВ
НАЧИН НА УПОТРЕБА
Рецензии (0)

МЕДЕН СИРУП СО ОМЕГА-3 МАСНИ КИСЕЛИНИ. Меден сируп со Oмега-3 масни киселини, кои се од витално значење за нормален развој на мозокот, видот, поддршка на здравјето на срцето и имунолошкиот систем. Сирупот содржи DHА и EPA, кој е во оптимален сооднос 5:1 (слично на мајчиното млеко), а во дневната доза децата консумираат 250 mg DHA и 50 mg EPA, 400 IU витамин Д по дневна доза и други витамини кои се важни за растот и развојот на децата, нервниот систем и имаат потпорно дејство со Oмега-3 масни киселини: А, Б12, Ц и фолна киселина.

Сирупот содржи дури 74% мед и е без конзерванси, бои, вештачки ароми и засладувачи. Омега-3 масните киселини се клучни. Омега-3 масните киселини играат незаменлива улога во растот и развојот на централниот нервен систем на детето, мозочното ткиво и видот. Затоа, во детството се јавува зголемена потреба од внесување на Oмега-3 масни киселини, кои исто така имаат значително влијание врз срцето и крвните садови. Луѓето консумираат дури 77% помалку риба, извор на Oмега-3 масни киселини, отколку што се препорачува во нашата исхрана. Кога со исхраната не можеме да обезбедиме доволно количество на Oмега-3 масни киселини, детските оброци можеме да ги надополниме со рибино масло, кое децата честопати не сакаат да го консумираат, главно поради непријатниот мирис и вкус. Оmega-3 Junior Сирупот има одличен вкус и без мирис на риба, а содржи 250 mg DHA и 50 mg EPA.

2 лажички по 5 мл = 10 мл содржи:


Витамин Ц 30 mg
Витамин Е 5 mg
Витамин А 400 µg
Витамин Д 10 µg
Фолна киселина 50 µg
Витамин Б12 0.7 µg
Рибино масло, од кое: DHA EPA 0.6 g 250 mg 50 mg

Детето треба да консумира 10 ml (2 лажички по 5 ml) на ден после оброк.

Рецензии (0)

Потребно е да се најавите за да оставите рецензија!

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ПРОИЗВОДОТ?

За деца од 3 до 14 години. За деца кои не консумираат доволно Oмега-3 масни киселини со храна. Деца што не јадат и се пребирливи. За нормален развој на мозокот, видот, поддршка на здравјето на срцето и имунолошкиот систем и подобрување на клеточната функција. Со дневниот внес, децата ги консумираат препорачаните 250 mg DHА и 50 mg EPA. Со додадени потпорни витамини важни за нервниот систем.

ФАКТИ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Сирупот има многу висок процент на мед и не содржи конзерванси, бои, вештачки ароми и засладувачи. Сирупот Оmega-3 Junior од Медех содржи 74% мед. DHА и EPA Омега-3 незаситените масни киселини се во оптимален сооднос од 5:1 (слично на мајчиното млеко). Со дневниот внес, децата консумираат 250 mg DHА, како што е препорачано од EFSA, и 50 mg EPA. Медот служи како природен засладувач и исто така е една од активните состојки во сирупот. Покрај шеќерите, содржи различни пчелни ензими, функционални протеини како и растителни биофлавоноиди. Сирупот има медена база, збогатена со сок од круша и лимон, што го прави да има одличен вкус и целосно ослободен од непријатниот мирис на риба. Стаклото нуди подобра заштита од надворешни влијанија, па затоа, за разлика од пластичната амбалажа, го зачувува вкусот и мирисот на производот долго време и овозможува подобро зачувување на антиоксидантната активност на природните состојки.

Слични производи

Последно прегледани

Нашите брендови

Ние користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето искуство на нашиот веб сајт.

Прочитај повеќе